НЕТРА доо Скопје е македонска компанија која 24 години успешно работи во областа на телекомуникациски инженеринг, со експертиза во безжични комуникации, критични и тактички комуникации, преносни мрежи, мерна опрема, тестирање на сигнали, мерење на мрежа, аналитика, безбедносни решенија, IoT решенија.
Со богатото искуство кое го имаме во дигиталните комуникации и мрежните технологии, креираме персонализирани интегрирани, безбедни и напредни ИКТ и софтверски решенија за различни индустрии.
Со задоволство ве информираме дека Нетра оформи лабораторија за TEMPEST мерења и анализи, со кои може да се изврши безбедносно зонирање на објекти согласно NATO SDIP и EU IASG стандардите.
Ние сме единствена компанија во Македонија и пошироко во регионот која со сопствена опрема и свој кадар, нуди професионални услуги за ваков вид мерења на радиофреквентни и микробранови зрачења согласно највисоките NATO SDIP и EU IASG стандарди.
Нашиот обучен и сертифициран тим од експерти ќе ви помогне во дефинирање на вашите барања и успешна, квалитетна и навремена реализација на проектите.
www.netra.mk | [email protected] | linkedin.com/company/netra-ltd
Извор: Нетра