ОБУКА ЗА ФИНАНСИИ ЗА НЕФИНАНСИСКИ МЕНАЏЕРИ

КАКО УСЛОВ ЗА УСПЕШНОСТ ЗА СЕКОЈ МЕНАЏЕР

Како новина од Know How Training Provider во процесот на градење портфолио за потребите на клиентите како и за потребите на целата бизнис заедница неодамна, на 23 Април 2026 година, се одржа одлична обука од областа на финансиите наменета за менаџери од нефинасиски сектори.

Обуката ФИНАНСИИ ЗА НЕФИНАНСИСКИ МЕНАЏЕРИ е обука која ја подготвувавме извесно време се со цел да ги задоволи потребите на потенцијалните учесници кои се на раководни позиции во компаниите, а сепак не се од областа на финансии.

Самата обука е наменета за профил на менаџери кои унапредувањето на своето знаење и вештини го сметаат за неопходно за личниот развој и подобрување на работните перформанси.

Обуката ја одржа Проф. Др. Весна Георгиева Свртинов, како соработник на Know How TP и експерт по финансии, со портфолио на познавање на финансиите многу поголемо од она кое е потребно за самата обука.

На барање на учесниците во моментов се подготвува ново, напредно ниво на обуката која ќе биде проширување на знаењето на учесниците на малку понапредно ниво.

Know How TP како и досега секогаш го слуша гласот на учесниците на обуките како и на потенцијалните и постојните клиенти и секогаш ќе се трудиме да креираме порограми кои се од исклучителна важност за подобрување на перформансите на менаџерите.

Следниот термин за обуката е предвиден да се случи на 21 Мај 2026 година (Четврток)

Котизацијата за учество изнесува 9.990 МКД, со можност за користење на промотивна цена од 7.990 МКД за сите пријави и уплати реализирани најдоцна до 18 мај 2026 година.

Пријавувањето за обуката се врши со пополнување на пријавниот формулар достапен на следниотЛИНК.

Членовите на AHK и DMWV повторно имаат дополнителна привилегија со дополнителни 10% попуст на цената за рана пријава и уплата.

Извор: KnowHow Training Provider

0 Shares:
You May Also Like