NLP Practitioner: Кога знаењето станува резултат

Компаниите денес инвестираат повеќе од кога било во едукација. Но едно прашање останува отворено:

Зошто, и покрај знаењето, искуството и добрата стратегија, луѓето често продолжуваат да ги повторуваат истите модели на размислување, комуникација и однесување?

Токму тука започнува вредноста на NLP (Невро-лингвистичкото програмирање) – практична методологија која помага подобро да разбереме како размислуваме, како носиме одлуки, како комуницираме и како тие процеси влијаат врз резултатите што ги создаваме.

Но знаењето само по себе не создава промена.

Промената започнува кога знаењето ќе се претвори во свесна акција.

Затоа програмата NLP Practitioner не е дизајнирана како уште една обука, туку како систем за личен и професионален развој, во кој секоја алатка има непосредна примена во реалниот живот и бизнисот. Програмата ги обединува NLP, лидерството, менаџментот и повеќе од две децении практично искуство во работа со луѓе и организации.

WISER® – од поставување цел до нејзина реализација

Посебен сегмент од програмата е WISER®, авторски модел за поставување и реализација на цели, развиен од м-р Анита Спасовска и интегриран во програмата.

Моделот не е создаден како академска теорија, туку како резултат на повеќе од две децении практично искуство во менаџментот, консалтингот и работата со компании и индивидуални клиенти. Неговата цел е да им помогне на учесниците да ги претворат своите цели во конкретен план и доследна реализација.

Меѓународни стандарди. Практично искуство. Реални резултати.

Програмата се реализира согласно стандардите на International Association for NLP (IANLP), Швајцарија, а ја води м-р Анита Спасовска – првиот Fellow Member Trainer (FMT) на IANLP во Македонија.

Програмата е наменета за лидери, менаџери, претприемачи, HR професионалци и сите што сакаат свесно да инвестираат во својот личен и професионален развој. Истовремено, таа претставува можност и за компаниите што сакаат системски да ги развиваат компетенциите на своите вработени преку меѓународно сертифицирана програма.

Посебни услови за членовите на Здружението

За членовите на Македонско-Германското стопнско здружение се обезбедени посебни услови за учество во програмата.

Дознајте повеќе

Преземете ја брошурата и дознајте повеќе за програмата, модулите, процесот на сертификација и придобивките од учеството.

ЛИНК ДО БРОШУРАТА

Извор: Wice Consulting

0 Shares:
You May Also Like
Read More

Property One Furniture

Дозволете Molto Luce да го трансформира вашиот простор во елегантен и функционален амбиент, креирајќи пријатна атмосфера што ќе…
Read More

Адвокатско друштво Пепељугоски: Индикатори за заштита на правата на интелектуална сопственост за 2021

Светската Организација за Интелектуална Сопственост (СОИС) ги објави индикаторите за заштитата на интелектуалната сопственост за 2022 година (World…
Read More

ИНФИНИТИ Енерџи ИТСС

ИНФИНИТИ Енерџи ИТСС е основана во 2020 година како  најмлада членка на Infinity International Group. Главната идеја  која…