Гете-институт Скопје оваа година прославува значаен јубилеј – 10 години присуство во Северна Македонија, а воедно и 75 години од основањето на Гете-институт како глобална организација за промоција на германскиот јазик и култура.
Во изминатата деценија, Гете-институт Скопје реализираше бројни јазични, културни и образовни програми, создавајќи можности за учење, размена и соработка меѓу Германија и Северна Македонија.
По повод двојниот јубилеј, на 2 септември, од 17:00 до 20:00 часот, ќе се одржи Ден на отворени врати, на кој посетителите ќе можат да се информираат за курсевите по германски јазик, испитите и актуелните програми и активности на Гете-институт Скопје.
Извор: Гете-институт Скопје