Бранка Славеска е нов амбасадор на иницијативата WOBA

Регионалната непрофитна иницијатива која ги обединува жените на високи раководни позиции од регионот Адрија (Women on Boards Adria – WOBA) ја прогласи генералната директорка на Винарската визба „Тиквеш“ Бранка Славеска, за свој амбасадор.

Целта на оваа иницијатива е зголемување на родовиот диверзитет во раководството на компаниите и институциите и унапредување на родовата еднаквост во различните нивоа на одлучување.

Благодарение на своето 25-годишното меѓународно искуство на раководни позиции во индустрии што традиционално се доминирани од мажите, со нејзиното вклучување во иницијативата WOBA, Бранка Славеска ќе даде голем придонес за визијата и мисијата на асоцијацијата.

„Заедничката соработката за зајакнување на жените и на нивната самодоверба, со цел да ги развиваат своите таленти и да градат кариера во посакуваната област, е од големо значење. Родовата еднаквост отвора поинакви перспективи, ги поттикнува иновациите и одржливиот развој, делувајќи како катализатор на напредокот во општеството“, истакна Бранка Славеска.

Учеството во иницијативата е можност да се инспирираат многу други жени да го следат нејзиниот пример за остварување на својот потенцијал во корпоративниот свет и ќе придонесе за поттик на родовата еднаквост во сите сфери на општеството.

Извор: Тиквеш

0 Shares:
You May Also Like
Read More

Поддршка за Проекти во Обновливата Енергија: Логистичка Поддршка за Увоз на механичка опрема за ветерни турбини

Во светот на обновливите извори на енергија, ветерните паркови играат клучна улога во транзицијата кон одржлива енергетска иднина.…
Read More

ДДВ СЕРВИС ИМО ДООЕЛ

РЕФУНДАЦИЈА НА ДДВ ЗА МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ ОД СТРАНСТВО И РЕФУНДАЦИЈА НА ДДВ ЗА СТРАНСКИ КОМПАНИИ ОД С. МАКЕДОНИЈА…