15 години Д.мед Медикал

Специјалната болница Д.мед Медикал одбележува 15 години постоење – период исполнет со постојан развој, човечка грижа и професионализам.

Секој јубилеј е прилика за поглед наназад – но и визија нанапред. Ние сме горди што денес, како дел од германската групација D.med Healthcare, можеме да понудиме здравствена грижа по европски стандарди – токму тука, дома.

Почетоците – Визија што стана реалност

Основана со јасна мисија: да обезбеди врвна здравствена услуга базирана на знаење, етика и технологија.

Во текот на годините:

  • Инвестиравме во модерна медицинска опрема и технологии
  • Изградивме тим од високо едуцирани и посветени професионалци
  • Создадовме средина каде пациентот е во центарот

Од дијагностика, преку специјализирани инвазивни интервенции, до целосен третман – секој дел од нашата услуга е осмислен со најголема грижа за индивидуалните потреби на пациентот.

Довербата – нашата најголема награда

Во текот на овие 15 години, највредното што го стекнавме е довербата. Довербата на пациентите кои повторно се враќаат кај нас, довербата на семејствата кои ни ги препорачуваат своите најблиски, и довербата на професионалците кои се приклучуваат на нашиот тим, знаејќи дека тука се создава нешто вредно.

Во следниот период, нашите приоритети остануваат јасни:

  • Постојано усовршување на медицинските услуги
  • Поддршка за пациентите со емпатија и индивидуален пристап
  • Воведување на нови технологии и пристапи за дијагноза и лекување

Здрав работник – Задоволен работодавач

Одделот по Медицина на Труд во Д.мед Медикал располага со модерно опремени простории со современа апартаура кои овозможуваат превентивни прегледи за вработени.

Главен фокус е пациентите да добијат квалитетни систематски прегледи, добра дијагностика и третман, навремени, брзи резулати и извештаи следејки ги европските и светските препораки во областа на медицина на труд. Нашиот тим, вклучувајки медицински експерти-супспецијалисти, специјалист по медицина на труд, специјалист по интерна медицина, медицински сестри и други здравствени работници кои имаат за цел да овозможат уникатен пристап и грижа за пациентот по Германски стандард, а воедно да се посветат на благосостојбата и задоволството на секој пациент кој поминува низ вратите на Д.мед Медикал.

Одеделот ги вклучува следниве услуги:

  • Систематски здравствени прегледи
  • Лекарски уверенија за вработување
  • Лекарски уверенија за патување и престој во странство
  • Обука за прва помош и добивање на сертификат

Овозможуваме прегледи и во просториите на компаниите, каде вработените ќе добијат најдобар здравствен преглед, бидејќи – здрав работник, значи задоволен работодавач.

Со нетрпение го очекуваме следното поглавје – со иста страст, уште поголема одговорност и цврста посветеност на здравјето на секој поединец.

Д.мед Медикал – 15 години со Вас, за Вашето здравје.

Извор: Д.мед Медикал

0 Shares:
You May Also Like
Read More

Хајделберг Факултет Скопје

Во рамките на официјалната посета на германската делегација, од страна на раководството на Дуалниот универзитет од Франкфурт –…
Read More

Адвокатско друштво Пепељугоски: Индикатори за заштита на правата на интелектуална сопственост за 2021

Светската Организација за Интелектуална Сопственост (СОИС) ги објави индикаторите за заштитата на интелектуалната сопственост за 2022 година (World…