Специјалната болница Д.мед Медикал одбележува 15 години постоење – период исполнет со постојан развој, човечка грижа и професионализам.
Секој јубилеј е прилика за поглед наназад – но и визија нанапред. Ние сме горди што денес, како дел од германската групација D.med Healthcare, можеме да понудиме здравствена грижа по европски стандарди – токму тука, дома.
Почетоците – Визија што стана реалност
Основана со јасна мисија: да обезбеди врвна здравствена услуга базирана на знаење, етика и технологија.
Во текот на годините:
- Инвестиравме во модерна медицинска опрема и технологии
- Изградивме тим од високо едуцирани и посветени професионалци
- Создадовме средина каде пациентот е во центарот
Од дијагностика, преку специјализирани инвазивни интервенции, до целосен третман – секој дел од нашата услуга е осмислен со најголема грижа за индивидуалните потреби на пациентот.
Довербата – нашата најголема награда
Во текот на овие 15 години, највредното што го стекнавме е довербата. Довербата на пациентите кои повторно се враќаат кај нас, довербата на семејствата кои ни ги препорачуваат своите најблиски, и довербата на професионалците кои се приклучуваат на нашиот тим, знаејќи дека тука се создава нешто вредно.
Во следниот период, нашите приоритети остануваат јасни:
- Постојано усовршување на медицинските услуги
- Поддршка за пациентите со емпатија и индивидуален пристап
- Воведување на нови технологии и пристапи за дијагноза и лекување
Здрав работник – Задоволен работодавач
Одделот по Медицина на Труд во Д.мед Медикал располага со модерно опремени простории со современа апартаура кои овозможуваат превентивни прегледи за вработени.
Главен фокус е пациентите да добијат квалитетни систематски прегледи, добра дијагностика и третман, навремени, брзи резулати и извештаи следејки ги европските и светските препораки во областа на медицина на труд. Нашиот тим, вклучувајки медицински експерти-супспецијалисти, специјалист по медицина на труд, специјалист по интерна медицина, медицински сестри и други здравствени работници кои имаат за цел да овозможат уникатен пристап и грижа за пациентот по Германски стандард, а воедно да се посветат на благосостојбата и задоволството на секој пациент кој поминува низ вратите на Д.мед Медикал.
Одеделот ги вклучува следниве услуги:
- Систематски здравствени прегледи
- Лекарски уверенија за вработување
- Лекарски уверенија за патување и престој во странство
- Обука за прва помош и добивање на сертификат
Овозможуваме прегледи и во просториите на компаниите, каде вработените ќе добијат најдобар здравствен преглед, бидејќи – здрав работник, значи задоволен работодавач.
Со нетрпение го очекуваме следното поглавје – со иста страст, уште поголема одговорност и цврста посветеност на здравјето на секој поединец.
Д.мед Медикал – 15 години со Вас, за Вашето здравје.
Извор: Д.мед Медикал