РЕФУНДАЦИЈА НА ДДВ ЗА МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ ОД СТРАНСТВО И РЕФУНДАЦИЈА НА ДДВ ЗА СТРАНСКИ КОМПАНИИ ОД С. МАКЕДОНИЈА
ДДВ СЕРВИС ИМО ДООЕЛ Скопје нуди услуги за враќање на странски ДДВ за македонски компании, но исто така врши и враќање на македонски ДДВ на странски компании.
Нашата услуга е интересна за сите компании кои имаат странски фактури со пресметан ДДВ.
Работиме во оваа дејност веќе 15 години и имаме мрежа од канцеларии во регионот (С. Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина), како и кооперативни канцеларии во земјите од ЕУ.
Најчестите трошоци за кои се враќа странски ДДВ се: хотелско сместување, обука и едукација (семинари, конгреси итн.), трошоци за изнајмување канцелариски простор, автомобили итн.; рекламирање и пропаганда, гориво и патарини за камиони; преработка и доработка на производи во автомобилската индустрија (алати) и во фармацевтската индустрија (лекови); трошоци за сервисирање на објекти од обновливи извори на енергија (ветерни и сончеви електрани) итн.
Македонските компании имаат право да повратат странски ДДВ од земјите од Регионот и тоа: Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија, Бугарија, како и од повеќето земји од ЕУ, потоа од Швајцарија и Велика Британија. Македонските компании имаат право и за враќање на ДДВ од Германија. Компаниите регистрирани во Германија имаат право да го повратат македонскиот ДДВ од УЈП на Македонија.
Користејќи ја нашата услуга, компаниите можат да заштедат 1/5 од странските трошоци, бидејќи стапките на ДДВ во странство се движат од 18 до 25%.
Рокот за поднесување на барање за враќање на странски ДДВ е 6 месеци по завршувањето на тековната година.
ДДВ СЕРВИС ИМО ДООЕЛ
ул. Прашка 23, 1 кат/6, Скопје
Управна зграда Машинопромет,
тел: 02/3171 620 моб: +389 78 26 55 29; моб: +389 75 23 44 64;
[email protected]
www.vrakajnenaddv.mk
Извор: ДДВ Сервис ИМО ДООЕЛ