Busworld Europe 2025 во Брисел, Белгија повторно беше центарот на светската автобуска и туристичка индустрија – место каде што иновациите, технологијата и визијата за иднината на мобилноста се спојуваат. За VDL Van Hool Македонија, овогодинешниот саем имаше особено значење: со гордост се претставивме како дел од новата VDL Bus Group, создадена со спојувањето на двата реномирани европски производители на автобуси – VDL и Van Hool под заедничкото мото MOVE.TOGETHER.
MOVE.TOGETHER.– синергија на брендовите Van Hool и VDL
Под заедничкото мото MOVE.TOGETHER. се обединуваат инженерското знаење, иновативноста и квалитетот на двата комплементарни бренда Van Hool и VDL. Ова партнерство создаде стабилна основа за раст на европските и северноамериканските пазари и ја потврдува визијата за поодржлив, поиновативен и поконкурентен транспортен сектор во согласност со новите стандарди за модерна мобилност.
На штандот на VDL Bus Group – иновации, дизајн и квалитет во фокус
Посетителите на Busworld Europe 2025 имаа можност да ги видат најновите достигнувања на двата комплментарни бренда. На заедничкиот штанд, вниманието беше насочено кон моделите автобуси на Van Hool и VDL, кои ги отсликуваат врвните достигнувања во дизајн, удобност и безбедност.
Van Hool Astron од новата серија Т
Изложен на Busworld 2025, Van Hool Astron од новата серија Т ги воодушеви посетителите со својот елегантен дизајн, луксузен ентериер и напредни безбедносни системи. Моделот нуди опција со неколку нивоа на багажен простор, доволно простор за патниците и функцонален простор за возачот. Комбинацијата на моќен, но економичен погон и аеродинамичен дизајн го прави идеален избор за премиум превозници.
Van Hool Astromega
Нашиот најпознат модел на двокатен автобус за долги турстички патувања, комфорен за патниците и опремен со кујна, на Busworld 2025 повторно го потврди статусот на еден од најпрепознатливите модели во туристичкиот сегмент. Astromega има капацитет до 90 патници, со модуларен ентериер, подобрена акустична изолација и оптимизиран систем за климатизација – совршен баланс меѓу капацитет и удобност.
Van Hool Acron и Altano
Во надворешниот дел на саемот, моделите Acron и Altano го претставија класичниот стил на Van Hool – безбедност, издржливост и технолошка предност. Посетителите на Busworld 2025 имаа можност да го видат Altano со препознатливиот висок под и голем багажен простор, како и моделот Acron кој е модел на патнички автобус наменет за средно-долги релации, со фокус на економичност и лесно одржување.
Futura 3 и Citea – моделите од комплементарниот бренд VDL во рамки наVDL Bus Group
Во рамките на овогодинешниот саем за автобуси, VDL Futura 3 ја доби наградата за дизајн на Busworld 2025, потврдувајќи го успехот на третата генерација со 15% пониска потрошувачка на гориво и напредни системи за активна безбедност.
На штандот беше изложен и електричниотCitea Low Entry– автобус за јавен транспорт од брендот VDL за одржлива урбана мобилност – модел кој е веќе препознатлив во јавниот транспорт на европските земји.
Структура на новата VDL Bus Group
Busworld 2025 беше можност да ја претставиме структурата на новата групација- јасно дефинирана според географски и производни линии:
- VDL Van Hool Македонија – производство на висококвалитетни Van Hool автобуси во ТИРЗ Скопје 2
- VDL Citea – електричен јавен транспорт, произведен во Розеларе, Белгија
- VDL Futura – туристички автобуси произведени во Валкенсвард, Холандија
Резултати и стабилен раст
Интеграцијата на производствените капацитети во рамките на новата групација веќе дава конкретни резултати. Приходите на VDL Bus Group пораснаа од 132 милиони евра во 2024 година на 270 милиони евра во првите шест месеци од 2025 година, што е јасен показател за успешна консолидација и заживување на пазарот.
Проекциите на групацијата покажуваат дека целосната профитабилност ќе биде обновена до 2027 година, што го потврдува успехот на заедничката стратегија.
Наследството продолжува – доверба и континуитет
Busworld 2025 несомнено беше вистинското место да се покаже дека Van Hool не само што продолжува со своето наследство, туку и го засилува со силата и стабилноста на VDL Bus Group. Клиентите и партнерите имаа можност лично да се уверат дека дизајнот, квалитетот и визијата на брендот остануваат непроменети – а иднината изгледа посигурна од кога било.
Поглед кон иднината: MOVE.TOGETHER.
За нас во VDL Van Hool Македонија, ова е нова визија за раст, иновација и одржливост. MOVE.TOGETHER. е производ на коминацја од врвно знаење и искуство за обликување на иднината на автобускиот и туристичкиот транспорт во светот.
Патот пред нас е полн со можности – а ние сме подготвени да го возиме, заедно, во VDL Bus Group.
Извор: VDL Van Hool