Where Green Ideas Meet Green Finance

На 9 декември 2025 година (вторник), од 10:00 до 12:00 часот, во Europe House – Скопје, ќе се одржи специјалниот настан „Финансирање зелени проекти на стопанството“, организиран од AHK Северна Македонија, во рамките на проектот Young Energy Europe. Настанот ќе се фокусира на најрелевантните европски фондови, грантови и финансиски инструменти со кои компаниите можат да ја поддржат својата зелена трансформација.

Агенда
10:00 – 10:05: Антје Ванделт – Директор, AHK Северна Македонија
10:05 – 10:10: Јан-Аксел Фос – Заменик амбасадор, Германска амбасада Скопје
10:10 – 10:20: Хана Лохте, Заменик раководител на проект, DIHK Service GmbH Berlin
10:20 – 10:30: Марија Томова Спиркоски, Проектен менаџер, AHK Северна Македонија

Фокус-блок: Финансирање зелени проекти (10:30 – 11:30) • Штефен Худолин – Шеф на сектор за соработка, Делегација на ЕУ
• Никола Битрак – Главен извршен директор, Colenco
• Роберт Шарламанов – Виш специјалист за енергетика, KfW Развојна банка
• Ловре Ристески / Гоце Мојсовски – Проектни менаџери, ЕБРД / ЕИБ / GFF фондови
• Никола Нешковски – Директор на Еко Логик; основач на „Вело Училишта“ (E+ KA2 SCH/VET/HED, CB-VET, Sport, COVE, EUKI)   11:30 – 12:00 – Networking & закуска

Ова е идеална можност за компании кои размислуваат за инвестиции во енергетска ефикасност, обновливи извори, унапредување на процеси или зелени иновации. Учесниците ќе имаат и можност за поставување прашања и директно вмрежување со експерти, институции, инвестициски фондови и други компании.

Линк за пријава

Лице за контакт: Марија Томова Спиркоски [email protected]

Проектот Young Energy Europe – создава генерација зелени лидери

Проектот Young Energy Europe активно придонесува кон развој на млади професионалци да станат интерни лидери за одржливост во своите компании, да придонесуваат кон намалување на CO₂-емисиите и оптимизација на потрошувачката, како и да помогнат во градењето корпоративна култура заснована на енергетска ефикасност и долгорочни, одржливи деловни практики. Преку програмата, учесниците добиваат практични знаења и работат на реални предизвици од нивното работно опкружување, што им овозможува да го унапредат својот професионален профил и да ја зголемат интерната видливост. Дополнително, тие се вмрежуваат со колеги и експерти на национално и европско ниво, што го збогатува нивниот развој.

Компаниите, пак, имаат директна корист од ангажманот на енергетските извидници — преку намалување на трошоците за енергија и ресурси, подобрување на ефикасноста на процесите, јакнење на ESG усогласеноста и градење на подобар корпоративен имиџ. Истовремено, вработените се мотивирани и активно вклучени во одржливи иницијативи кои ја подобруваат вкупната организациска култура.

Проектот носи значајни придобивки и за климата: го намалува обемот на стакленички гасови, ја зголемува одржливоста на индустриските процеси и придонесува кон исполнување на националните климатски целиенергетски извидници – обучени да препознаат, анализираат и спроведат мерки што ја зголемуваат енергетската ефикасност и ја намалуваат потрошувачката на ресурси во компаниите.

Во првата генерација во 2024 година беа обучени 20 млади вработени од 8 компании, кои изработија практични проекти за оптимизација на енергијата и намалување на емисиите. Во 2025 програмата се прошири и опфати 40 учесници, со што се зголеми бројот на компании што активно вложуваат во зелена трансформација. Во моментов се подготвува третата генерација, чиј циклус на обуки ќе започне на почетокот на 2026 година, продолжувајќи да гради се поголема мрежа млади професионалци кои придонесуваат за одржливи и климатски ориентирани промени.

0 Shares:
You May Also Like
Read More

Енергетска криза во Северна Македонија – Коментар од Штефан Петер, генерален директор и претседател на Управниот одбор на ЕВН Северна Македонија

Поведени актуелните случувања во земјава, го замоливме нашиот член на Управниот одбор, Штефан Петер, да се произнесе за…
Read More

ИНФИНИТИ Енерџи ИТСС

ИНФИНИТИ Енерџи ИТСС е основана во 2020 година како  најмлада членка на Infinity International Group. Главната идеја  која…